• четврток, 12 февруари 2026

Потпретседателот на Собранието, Милошоски на средба со унгарскиот амбасадор

Потпретседателот на Собранието, Милошоски на средба со унгарскиот амбасадор

Скопје, 10 февруари 2026 (МИА) - Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски денеска оствари работна средба со амбасадорот на Унгарија, Андраш Клајн, придружуван од заменик-шефот на Мисијата, Атила Фодор.

Како што информираат од собраниската прес-служба, на средба биле потенцирани одличните билатерални односи на нашата земја со Унгарија, засновани на меѓусебна доверба, почит и соработка. Посебен акцент бил ставен на економската и политичката соработка помеѓу државите, како и реализацијата на заеднички проекти.

Амбасадорот Клајн ја истакнал поддршката на Унгарија кон нашите ЕУ интеграции, истакнувајќи ја важноста на членството во ЕУ на земјите од Западен Балкан кон стабилноста, безбедноста и економскиот просперитет на регионот. фф/дма/

Фото: Собрание

Остани поврзан