• среда, 25 декември 2024

Потпретседателот на Кина ќе присуствува на погребот на кралицата Елизабета Втора

Потпретседателот на Кина ќе присуствува на погребот на кралицата Елизабета Втора
Пекинг, 17 септември 2022 (МИА) - Кинескиот потпретседател Ванг Чишан ќе присуствува на погребот на британската кралица Елизабета Втора, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи.
„На покана на британската влада, специјалниот претставник на претседателот Си Џинпинг, потпретседателот Ванг Чишан ќе присуствува на погребот на кралицата Елизабета Втора, што ќе се одржи во Лондон на 19 септември“, соопшти портпаролот на Министерството за надворешни работи.
На церемонијата ќе присуствуваат околу 2.000 официјални претставници, меѓу кои стотици светски лидери, претставници на други монархии и луѓе кои се одликувани поради својот социјален ангажман. Претседателката на Долниот дом на британскиот Парламент, Линдзи Хојл, претходно и забрани на официјалната делегација испратена од Пекинг да оди во салата во Вестминстерската палата, седиштето на британскиот Парламент, каде што е изложен ковчегот со телото на кралицата. Забраната следеше затоа што Кина воведе санкции против британските пратеници кои го критикуваа односот спрема човековите права во провинцијата Синџанг. паг/

Остани поврзан