• четврток, 26 декември 2024

Потпретседателот на ДПА, Орхан Ибрахими со коментар на барањето на Ахмети за прв Албанец премиер

Потпретседателот на ДПА, Орхан Ибрахими со коментар на барањето на Ахмети за прв Албанец премиер
Скопје, 6 јуни 2020 (МИА) - Многу е разочарувачко, срамно, скандалозно, по големата историска измама што ја направи во 2001 година, со која со две нозе ја прекрши заложбата што ја направи, „дека ја прави Албанија на местата каде живеат Албанците“.  И денес, после 19 години од кога не ослободи и ја направиме „Албанија“, ни излегува со нов „капитален“ предлог за „премиер“, вели потпретседателот на ДПА, Орхан Ибрахими, коментирајќи ја изјавата на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, дека на изборите што претстојат време е да се избере првиот премиер Албанец. Поранешниот пратеник на ДПА, Ибрахим смета дека е скандалозно, неподносливо, катастрофално и со трагични размери за Албанците, како после 18 години владеење, презаситено со корупција и потопено во национални и меѓународни афери, овој „лидер“ да продолжува со крајна нечувствителност и бесрамност да си игра со нашиот колективен интелект. - Каква важност има функцијата Претседател, Претседател на Собранието, Албански премиер со оваа уставна и правна рамка? Дали е ова нашата цел ?!. Приоритет над приоритетите во Северна Македонија треба да биде воведувањето на консензуална демократија. Не верувам дека Албанците ќе ја дозволат оваа следна измама. Затоа што веќе 18 години ДУИ дозволува дискриминација на Албанците како во средниот век, колапс на здравствениот и образовниот систем, моноетничка, политичка и непрофесионална судска власт. Масовен егзодус на младите, недостиг на перспектива, моменти на трагични убиства со политичка мотивација, нарушување и братоубиство, политички прогон и затвор, вели потпретседателот на ДПА, Орхан Ибрахими. По повод 18 години од засновање на Демократската Унија за Интеграција, претседателот на овој политички субјект Али Ахмети, до членството на партијата упати честитка и наведе во изминатите 18 години заедно се соочиле со разни предизвици, односно заедно ги определиле и оствариле целите. - На оваа годишнина што е толку важна за сите нас, дајте заедно да ја дефинираме нашата следна цел која изборите што следат ќе ја постигнеме целта да избереме една оценета, докажана и прифатлива личност кој или која заеднички ќе ја одбереме за првиогт албански премиер, рече Ахмети, во роденденската честитка до ДУИ. оџ/ац/  

Остани поврзан