• четврток, 26 декември 2024

Потпретседателката на Бугарија, Јотова на 16 и 17 април во посета на земјава

Потпретседателката на Бугарија, Јотова на 16 и 17 април во посета на земјава
Скопје, 8 април 2022 (МИА) - Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова ќе престојува во посета на Северна Македонија на 16 и 17 април. На покана на Културниот центар „Иван Михајлов“ таа ќе го отвори новиот клуб на ова здружение, јавија бугарските медиуми. На 17 април, Јотова ќе биде во посета на Охрид, каде што ќе го посети Дневниот центар за деца со аутизам. Проектот е финансиран од бугарската Влада како дел од програмата на бугарското Министерство за надворешни работи „Бугарска помош за развој“. Јотова ќе биде гостинка и на отворањето на канцеларија на Здружението за толеранција и соработка „Хоризонти“. нд/бак/    

Тагови

Остани поврзан