• недела, 24 ноември 2024

Потпишување на Студентскиот манифест од парламентарни политички партии

Потпишување на Студентскиот манифест од парламентарни политички партии

Скопје, 11 март 2024 (МИА) - Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје за денеска го најавува потпишувањето на Студентскиот манифест од страна на политичките партии кои се дел од парламентарниот состав. 

Како што наведува, потпишувањето ќе значи поддршка на визијата и потребата од реформирано високо образование.

-Поканети се политички претставници од партии кои се во парламентарниот состав на Собранието денеска во Студентскиот културен центар во 13 часот да го потпишат овој документ и да не поддржат во нашата визија и потреба за реформирано високо образование, стои во најавата на Универзитетското студентско собрание.

Студентскиот манифест беше промовиран на 6 март 2024 година од Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, но зад нео застанаа и универзитетските студентски собранија на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола, Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, Универзитетот „Мајка Тереза“ - Скопје, „Св. Апостол Павле“ - Охрид и Универзитетот на Југоисточна Европа - Тетово. Документот, како што беше речено, е повик за подобрување на студентскиот стандард, за подобра иднина на студентите, како и за подобро високо образование во предизборниот стадиум. мч/са/

фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан