Потпишување меморандум за соработка на Граѓанската коалиција за борба против злоупотреба на урбано зеленило
- Меморандум за соработка на Граѓанската коалиција за борба против злоупотреба на урбано зеленило, ќе биде потпишан денеска во 13 часот во Кино Кисела Вода, во истоимената скопска општина.
Скопје, 17 декември 2024 (МИА) - Меморандум за соработка на Граѓанската коалиција за борба против злоупотреба на урбано зеленило, ќе биде потпишан денеска во 13 часот во Кино Кисела Вода, во истоимената скопска општина.
Претставници на граѓански организации, институции, експерти и граѓани, како што се посочува, ќе се здружат за да може поефикасно да се води борбата против корупцијата во урбанистичкото планирање и градење, поради која неповратно се уништува урбаното зеленило, за сметка на интензивна и нехумана урбанизација и бетонизација на просторот.
Активноста е на „Зелен институт“, во партнерство со „Изгрејсонце“, во рамки на спроведување на проектот „ГРАЃАНИТЕ ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА ВО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА“, во рамките на програмата „Граѓаните против корупцијата (ГПК)“ - „Грантови и градење на капацитети“. Финансирањето е обезбедено од МЦМС, со средства од американскиот народ преку УСАИД.
Најавени се изјави за медиумите од организаторите и учесниците во Коалицијата, по што ќе следи форум „Злоупотреба на урбано зеленило за згради“. Панелисти се градоначалникот на Општина Кисела Вода - Орце Ѓорѓиевски, претставник од Министерството за животна средина и просторно планирање, проектен менаџер – арх. Ана Петровска, претставник на Асоцијацијата на архитекти на Македонија – арх. Иван Арсовски и граѓанскиот активист и независен советник од Општина Центар - Јане Димески. Модераторка на форумот е Снежана Лупевска од ТВ Телма како медиски партнер. вг/мд/
Фото: Зелен институт фб