• четврток, 26 декември 2024

Потпишување договор за изградба на првите два километри на автопатот Скопје – Блаце

Потпишување договор за изградба на првите два километри на автопатот Скопје – Блаце
Скопје, 16 јануари 2020 (МИА) - Во Владата на Република Северна Македонија денеска ќе се потпише Договорот за изградба на првите два километри на автопатот Скопје – Блаце. Договорот ќе го потпишат директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов и генералниот директор на АД „Гранит“ Зоран Милковски. На настанот, како што соопштуваат од владината прес-служба, ќе присуствуваат и вицепремиерот за европски прашања, воедно и во улога на координатор на Владата за проектот Скопје - Блаце Бујар Османи и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.фф/бк/

Остани поврзан