• четврток, 26 декември 2024

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Општина Делчево, Мрежата за рурален развој и ЛАГ Малеш-Пијанец

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Општина Делчево, Мрежата за рурален развој и ЛАГ Малеш-Пијанец
Делчево, 25 април 2023 (МИА) - Во Делчево е потпишан Меморандум за соработка за формализирање на соработката помеѓу Мрежата за рурален развој на Северна Македонија со партнерот Локална акциска група Малеш-Пијанец и Општина Делчево, како и други локални чинители за реализација на проектна иницијатива на територијата на ЛАГ Малеш-Пијанец. 
 
Активноста се реализира во рамки на  „Програмата за развој на заедницата“ финансиранa од Агенцијата на САД за меѓународен развој – УСАИД, а имплементиранa од страна на Мрежата за рурален развој на Северна Македонија.  Во рамки на истата Градскиот парк во Делчево ќе добие енергетски ефикасно осветлување.
 
 
Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски посочи дека со реализацијата на проектот ќе се подобри осветлувањето во централното градско подрачје на Општината, но ќе се бележи и значителна заштеда, како за потрошена електрична енергија, така и заштеда за одржување. 
 
- Како општина ги користиме можностите за инвестиции во енергетската ефикасност. Реализацијата на овој проект, освен што ќе ја промени сликата на градскиот парк и ќе добиеме енергетски ефикасно осветлување, туку значи и продолжување на досегашните проекти кои ги работевме со цел јавното осветлување да биде енергетски ефикасно, при што имаме поставено над 1000 лед- диодни светилки во Делчево и околните населби. Со енергетската ефикасност се штеди енергија, но и значително се влијае кон заштитата на животната средина, истакна Трајковски.
 
Меморандумот, нагласи Тони Стоименовски од Општина Делчево,
претставува темел за понатамошна соработка помеѓу засегнатите страни која ќе се развива врз основа на меѓусебно разбирање, доверба и координација за да се обезбеди што поквалитетна услуга на сите засегнати страни од областа на развој на заедницата.
 
 
- Цел на оваа иницијатива е во соработка со бизнис заедницата и граѓанските организации од регионот да се решат некои проблеми во оваа локална заедница. Кај нас во соработка до сите субјекти е изберена иницијатива за поставување на лед диодни светилки во паркот. Целокупната иницијатица изнесува околу 40 илјади долари за замена на 138 диодни светилки и финансиските средства се обезбедени од програмата УСАИД мрежата за рурален развој на Македонија, околу 50 проценти од Општина Делчево од буџетот за 2023 година. Остатокот од 10 проценти од буџетот од бизнис заедницата и Граѓанските организации, рече Стоименовски.
 
Претседателот на Мрежата за рурален развој Петар Ѓеоргиевски, додаде дека ова е прва активност во Пијанечко-Малешевскиот регион во рамки на Програмата за развој на заедницата.
 
 
- Проектот е се уште на почеток, така што имаме време и други иницијативи кои ќе произлезат од самата локална зардница да се вклучат во вој процес за да го подобриме животот во руралните средини. Заедно со нашите партнери со ЛАГ-от Малеш-Пијанец ќе продолжиме понатаму да ги анинираме со помош да проектот и поттикнеме сите оние кои сакаат да помогнат да се вклучат во иницијативата да се реализираат активности кои ќе помогнат во развојот на овие средини, рече Ѓеоргиевски.
 
Локалните иницијативи што досега се селектирани, додаде Јасминка Пашалиска Андоновска, претседател на Локалната акциска група Малрш Пијанец, се избрани од страна на меѓусекторската група во која членуваат претставници од сите три општини Делчево, Пехчево и Берово кои се членови на ЛАГ Малеш-Пијанец.
 
- Сите иницијативи кои што се произлезени од страна на самите жители, се детектирани од нашиот координатор на директни средби со граѓаните и понатаму од оваа секторска група се детектираат односно се селектираат приоритетите, за да добијат поддршка во самата имплементација. Исто така и во имплементацијата актовно се вкчулени сите сектори за да се иницира заеднилката соработка за подобрување условите за живеење во заедницата  рече Пашалиска Андоновска.
 
 
Очекуваните резултати од реализацијата на оваа проектна иницијатива, како што додадоа од Општина Делчево, се набавени и поставени 138 нови светилки, поставување 10 нови светилки на локации каде претходно постоеле светилки, а не се во функција, поголема осветленост, финансиска ефикасност и заштеда, мотивираност кај субјектите на територијата на ЛАГ Малеш-Пијанец за понатамошни заеднички иницијативи за подобрување на условите во локалната заедница.  
 
Времетраењето на реализацијата на проектната иницијатива ќе биде три месеци, а  партнери во реализацијата на проектот се ЈКП „Брегалница“, Регионален центар за застапување Делчево, „Вел- дарц“ ДООЕЛ Делчево, „Брегал“, „Рома транс“, „Тренд ком". вс/цр
 
Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан