• петок, 27 декември 2024

Потпишан Меморандум за соработка меѓу Факултетот за земјоделски науки и храна и Фондацијата MK2025

Потпишан Меморандум за соработка меѓу Факултетот за земјоделски науки и храна и Фондацијата MK2025

Скопје, 12 јули 2024 (МИА) - Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, Фондацијата МК2025 и Центарот за дигитална трансформација „Го Дигитал“ потпишаа Меморандум за соработка во делот на едукацијата, образовниот процес, зајакнувањето на соработката со бизнис заедницата, како и размената на искуства, знаења и вмрежување.  

Меморандумот ги опфаќа и можностите за стипендирање студенти кои ќе се запишат на прв циклус студии на сите студиските програми на УКИМ, меѓу кои и оние што ќе се одлучат за новата студиска програма по Дигитално земјоделство на ФЗНХ, достапна за упис од оваа академска година. Стипендиите, во висина од 2 500 американски долари годишно, се обезбедени преку посебна соработка со Фондацијата „Атанас Близнакоф“ од САД и Фондацијата MK2025. 

-Овој Меморандум претставува важен чекор во нашата мисија да обезбедиме квалитетно образование и да ги поддржиме нашите студенти во нивниот академски развој. Наша цел е да создадеме услови во кои секој студент ќе има можност да го достигне својот полн потенцијал, без да биде ограничен од финансиските предизвици. Земјоделството е од суштинско значење за нашата економија и општество и сме посветени на тоа да ги поддржиме нашите студенти да станат водечки професионалци во оваа област. Потпишувањето на меморандумот е почеток на многу иницијативи кои ќе следат, насочени кон обезбедување подобри услови за нашите студенти, вели деканот на ФЗНХ Миле Маркоски.

Од Македонија 2025 и „Го Дигитал“ истакнуваат дека оваа соработка е од клучно значење за развојот на дигиталната трансформација во земјоделскиот сектор и за поттикнување на младите да го искористат својот потенцијал.

-Преку ова партнерство ќе обезбедиме  поддршка за студентите кои во иднина ќе можат да придонесат кон иновации и економски напредок,“изјави Никица Мојсоска - Блажевски, извршен директор на Македонија 2025 и „Го Дигитал“.

Идните студенти може да ја поднесат документацијата за стипендија преку E-scholarships платформата на Македонија2025. мч/дма/

фото: ФЗНХ

Остани поврзан