• среда, 25 декември 2024

Потпишан Колективниот договор за вработените во Општина Велес

Потпишан Колективниот договор за вработените во Општина Велес
Велес, 12 јануари 2022 (МИА) - Во просториите на Општина Велес денеска е потпишан Колективниот договор за вработените во Општина Велес со кој дополнително се унапредија правата на вработените од работен однос. Колективниот договор го потпишаа градоначалникот Марко Колев од една страна и претставникот на Синдикатот на УПОЗ, генералниот секретар Бојан Трипуноски по овластување на претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски и претседателот на Синдикалната организација при Општина Велес Магдалена Спасева, од друга страна. Како што информираат од Општина Велес, со овој Колективен договор се утврдуваат критериумите за годишен одмор, платени и неплатени отсуства, надоместоци на плата и други примања, исплата на регрес за годишен одмор, додаток на плата за учество во комисии, право на еднократен надомест итн. Тие појаснуваат дека претставникот на Синдикатот на УПОЗ Бојан Трипуноски искажал задоволство од соработката и потпишувањето на договорот со што Општина Велес влегува во групата на општини кои имаат потпишано Колективен договор. Со тоа и за искажаната волја на градоначалникот Колев за унапредување и грижа за правата на вработените. ад/мс/

Остани поврзан