• сабота, 23 ноември 2024

Потпишан договор за заем меѓу ЕБОР и АД МЕПСО за зајакнување на преносната мрежа

Потпишан договор за заем меѓу ЕБОР и АД МЕПСО за зајакнување на преносната мрежа

Скопје, 23 јули 2024 (МИА) - Во Владата денеска е потпишан договор за заем од 26,4 милиони евра меѓу Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и македонскиот оператор за електропреносен систем АД МЕПСО, наменети за зајакнување на преносната мрежа.

Параф на договорот ставија претседателката на ЕБОР Одил Рене Басо, и директоот на АД Мепсо Зухди Енуз. На потпишувањето на договорот присуствуваа и евроамбасадорот Дејвид Гир и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Средствата ќе бидат искористени во рамки на проектот за изградба на трафостаница и обнова на 110 киловолтен далновод, што ќе овозможи приклучување на нови 1170 мегавати од обновливи извори кои стојат неприклучени. 

Вкупната вредност на овој проект е 34,7 милиони евра од кои 26,4 милиони се обезбедуваат со заем од ЕБОР а 7,6 милиони евра се обезбедени од од Инвестицискиот фонд за Западен Балкан на ЕУ и половина милион евра од Климатскиот фонд. вг/нд/

Фото: МИА

Остани поврзан