Потпишани 57 договори од над 34 милиони денари по објавениот повик за кофинансирање на комбајни за ориз и мобилни сушари
- Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска беа потпишани 57 договори по објавениот јавен повик за доделување на финансиска поддршка за набавка на специјални комбајни за жнеење на ориз со сецкалици и/или мобилни сушари за ориз.
Скопје, 2 декември 2024 (МИА) - Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска беа потпишани 57 договори по објавениот јавен повик за доделување на финансиска поддршка за набавка на специјални комбајни за жнеење на ориз со сецкалици и/или мобилни сушари за ориз.
- Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник изнесуваа 600.000 денари. Вкупната вредност на договорите е над 34 милиони денари, соопштија од МЗШВ.
Со јавниот повик, Министерството преку мерките од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој, како што е наведено во соопштението, им излегува во пресрет на оризопроизводителите со цел да се модернизира механизацијата во земјава.
- Право на користење на овие средства имаат земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој, се наведува во соопштението од Министерството. дма/бак/
Фото: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство