• четврток, 19 декември 2024

Потпишани договори за два капитални проекти во Општина Охрид

Потпишани договори за два капитални проекти во Општина Охрид

Скопје, 19 декември 2023 (МИА) – Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, ценеска во Скопје ги парафираа договорите за два капитални проекти предвидени да се реализираат во Општина Охрид - изградба на спортска сала во ОУ „Ванчо Николески“ во село Лескоец и реконструкција и адаптација на простор за нова училишна зграда за потребите на ОУ „Кочо Рацин“.

Средствата издвоени за финансирање на односните проекти се обезбедени преку децентрализација на буџетски средства односно со пренамена на 90 милиони денари од централниот буџет, од кои за спортска сала во ОУ „Ванчо Николески“ во Лескоец одвоени се 20 милиони денари, додека 70 милиони денари се издвоени за реконструкција и адаптација на нова училишна зграда на ОУ „Кочо Рацин“.

Пецаков посочи дека согласно процедурата следува отварање наменски посебни сметки, трансферирање на средствата и тендерирање и почеток на градба на почетокот на наредната буџетска 2024 година. аб/цр

фото:Општина Охрид

 

Остани поврзан