• четврток, 26 декември 2024

Потпишани договорите за стипендирање на ученици и студенти од Крива Паланка

Потпишани договорите за стипендирање на ученици и студенти од Крива Паланка
Македонска Каменица, 18 март 2021 година (МИА) - Во Македонска Каменица потпишани договорите за стипендирање на ученици и студенти за учебната 2020/21 година. Стипендиите како што информираше градоначалничката Соња Стаменкова се доделуваат по претходно спроведениот јавен конкурс објавен за учениците и студентите од општина Македонска Каменица. - Општина Македонска Каменица ќе додели вкупно 16 стипендии, при што шест стипендии ќе добијат ученици од основното училиште, осум стипендии се за ученици во средните училишта и две стипендии за студенти на државните универзитети, истакна Стаменкова. Месечниот износ на стипендиите како што додаде Стаменкова е со висина од три илјади денари. - Ја користам приликата да напоменам дека покрај зголемените вложувања во инфраструктурата и подобрувањето на условите за работа и престој во образовните центри во нашата Општина, како локална самоуправа продолжуваме посветено да работиме за изнаоѓање на нови мачини и методи, со кои на нашите ученици и студенти ќе им бидеме постојана и силна поддршка при совладувањето на образовниот процес, додаде Стаменкова. Стипендирањето на талентирани и успешни ученици е една од мерките кои општина Македонска Каменица успешно ги спроведува, а наскоро преку воведувањето на Дуалното средно образование, општината како што додаде, ќе понуди нови можности за учениците и идните студенти. вс/аа/

Остани поврзан