• вторник, 24 декември 2024

Потпишана спогодба меѓу раководството на штипска „Баргала“ и вработените

Потпишана спогодба меѓу раководството на штипска „Баргала“ и вработените
Штип, 1 септември 2020 (МИА) - Во штипската фабрика за производство на чевли „Баргала“ доцна попладнево потпишана е спогодба меѓу раководството, вработените, претставниците на синдикатот, информира Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“-Штип. Таа истакна дека минатиот четврток започнаа преговори меѓу вработените и раководството на „Баргала“. Ампева од Гласен Текстилец ја мониторираше спогодбата и договарањето меѓу вработените и раководството, а во која стои дека вработените ќе имаат редовно здравствено осигурување. - Страните се обврзуваат за почитување на спогодбата. Нема да има прекин во производниот процес освен ако не се почитува рокот за исплата кој е предвиден во спогодбата.На работниците ќе им биде исплаќана редовно платата, а започнувајќи од платата за месец септември, месечно да се исплаќа и разликата на плата која работодавачот не им ја исплатил на работниците за три месеци по 30 проценти, како и разликата на плата од 10 проценти која била помалку исплатена за месец февруари, вели Ампева. Минатата недела вработените го изразија своето незадоволство во кругот на фабриката и побараа да им се исполнат овие барања, по што следуваа и преговорите. вдј/цр

Остани поврзан