• сабота, 23 ноември 2024

Потона чамец со мигранти во близина на грчкиот остров Самос, најмалку тројца загинати

Потона чамец со мигранти во близина на грчкиот остров Самос, најмалку тројца загинати

Атина, 23 септември 2024 (МИА) – Најмалку три лица загинаа откако потона чамец со мигранти во морскиот дел северозападно од грчкиот остров Самос, а во тек е акција на крајбрежната служба на Грција за пронаоѓање и спасување на останатите, најверојатно над 20 лица што биле во чамецот, јави дописничката на МИА од Атина.

Од крајбрежната служба на Грција информираа дека биле спасени пет странски државјани и биле извлечени безживотните тела на три лица.

Според локалните медиуми, во чамецот имало околу 30-33 лица, со што на над 20 им се губи трагата и продолжува акцијата за нивно пронаоѓање.

Во спасувачката акција учествуваат бродови на крајбрежната служба и чамец на волонтерска спасувачка група, како и хеликоптер на воената морнарица, додека, пак, на копно патролира едно возило.

Силниот ветер со јачина од пет до шест Бофори дополнително ја отежнува целата акција. ср/паг/

Остани поврзан