• недела, 28 јули 2024

Потер предложи премиерлигашите на гостински натпревари да не патуваат со авион

Потер предложи премиерлигашите на гостински натпревари да не патуваат со авион
Лондон, 20 ноември 2022 (МИА) - Тренерот на Челзи, Грем Потер, им предложи на тимовите од англиската Премиер лига да размислат да престанат да доаѓаат на гостински натпревари со авион. - Ако размислувате за обемот на емисиите во воздухопловството, воопшто не е кул. Треба да го преиспитаме патувањето со авион. Но, ние играме во Премиер лигата и мора да се обидеме да се подготвиме најдобро што можеме. Треба да се преиспитаме дали на гостинските натпревари треба да патуваме со авион. Летаме во нашата земја и овој проблем е предизвик. Мора да најдеме решение, го цитира „Телеграф“ Потер. Тренерот нагласи дека во повеќето случаи премиерлигашите претпочитаат да стигнат на гостински натпревари со авион, дури и ако поминат само 15 минути во воздух. зс/

Остани поврзан