• среда, 25 декември 2024

Потврден птичји грип меѓу пеликаните и во Мала Преспа

Потврден птичји грип меѓу пеликаните и во Мала Преспа
Тирана, 22 март 2022 (МИА) – Надлежните албански власти денеска соопштија дека птичји грип е потврден кај пеликаните во областа Мала Преспа. -Откако во четвртокот, 17 март, беа пронајдени три пцовисани пеликани на Преспанско Езеро на албанската страна, и потоа испратени на лабораториска анализа потврдено дека причина за угинувањето е птичји грип, јавија албанските медиуми. Претходно албанското орнитолошки друштво извести дека се забележува епидемија на птичји грип во колонијата кадроглав пеликан (Pelecanus crispus) на грчката страна на Преспанско Езеро, каде се угинати најмалку 600 пеликани. Розовите пеликани пристигнуваат во Преспа, во март и април, од нивните презимувачи лоцирани во субсахарска Африка. Тие минуваат низ Израел и Турција. Неодамна, голема смртност предизвикана од варијантата на птичјиот грип беше забележана во Израел (крајот на 2021 и почетокот на 2022 година), главно во Крус (Grus grus), но, исто така и кај розови пеликани и други видови, вклучувајќи водни птици и птици грабливки. Кадроглавиот пеликан (Pelecanus crispus) е прелетна птица, гнездилка од фамилијата на пеликани. Најголема популација од овој вид пеликани се наоѓа кај Мала Преспа во Албанија, како и во Македонија исто така на Преспанско Езеро. Се среќава и на Скадарско Езеро и во резерватот Сребрна во Бугарија. На темињата и тилот поседува кадрави (извиткани) перја, грлената торба е портокалова, нозете темносиви, а шареницата е белкаста. На врвовите на крилјата има малку црни перја. вт/сст/  

Остани поврзан