• среда, 27 ноември 2024

Потврдена смртта на петмината маринци од хеликоптерската несреќа во Сан Диего

Потврдена смртта на петмината маринци од хеликоптерската несреќа во Сан Диего

Сан Диего, 8 февруари 2024 (МИА) - Американската војска денеска ја потврди смртта на петмината маринци од хеликоптерот што поради невреме се урна во планините во близина на Сан Диего.

Хеликоптерот „Super Stallion“ исчезна од радарите во вторникот вечерта додека се враќаше во базата на маринскиот корпус во Мирамар, Сан Диего, по тренинг лет северозападно од Лас Вегас, јавија американските медиуми.

Авионот вчераутро бил регистриран во близина на планинското одморалиште Пајн Вали, на еден час возење од Сан Диего. сд/

фото;МИА архива

Остани поврзан