• вторник, 30 јули 2024

Пост Малоун триумфираше на американските Билборд награди

Пост Малоун триумфираше на американските Билборд награди
Лос Анџелес, 15 октомври 2020 (МИА) - Американскиот рапер Остин Ричард Пост, попознат како Пост Малоун освои девет од вкупно 16 номинации за Билборд наградите во САД. Тој ја победи и Били Ајлиш во категоријата Најдобар изведувач на годината, а ги собра и одличијата за рап-албум, рап-изведувач, машки изведувач... - Почестен сум од вашата љубов тука вечерва, изјави тој прифаќајќи ја главната награда. Били Ајлиш победи во категориите за женски изведувач, нов изведувач, и поп-албум. Свеченоста се одржа во Долби театарот во Лос Анџелес. Водителка беше рок-ѕвездата Кели Кларксон. Момент за издвоујвање е и емотивниот настап на Џон Леџенд со песната „Never Break" којашто тој ја посвети на својата сопруга Криси Тајген, која неодамно доживеа спонтан абортус. си/

Остани поврзан