• четврток, 26 декември 2024

Постигнат договор со жителите од Слупчане, ЕВН ќе ја реконструира мрежата

Постигнат договор со жителите од Слупчане, ЕВН ќе ја реконструира мрежата

Куманово, 27 јули 2023 (МИА) - ЕВН и жителите на Слупчане постигнаа договор. Екипите на Електродистрибуција ќе започнат со реализација на проектот за реконструкција на мрежата во Слупчане, соопштија од ЕВН.

- Постигнат е договор со мештаните на Слупчане, а гаранции се дадени од локалната власт и од страна на сите политички партии. Наредната недела во организација на министерот за економија и градоначалникот на Липково ќе се одржи состанок во општина Липково на кој ќе се договорат сите детали за организацијата и реализација на проектот и со работа на терен ќе се започне од 9-ти август, годинава, информираа од ЕВН.

Во моментов екипите се на терен и работат на санација на дефектите. ам/бак/


Фото МИА

Остани поврзан