• недела, 24 ноември 2024

Постигнат договор во преговорите во Истанбул за деблокирање на извозот на украинско жито

Постигнат договор во преговорите во Истанбул за деблокирање на извозот на украинско жито
Истанбул, 13 јули 2022 (МИА) - Турција соопшти дека на разговорите во Истанбул денеска е постигнат договор за деблокирање на извозот на украинско жито. - Русија, Украина, Турција и Обединетите нации се согласија да формираат центар за координација за да се обезбедат безбедни рути, изјави турскиот министер за одбрана Хулуси Акар во соопштение. Тој истакна дека страните се договориле и за заеднички инспекции на извезеното жито и пристаништата. Акар најави дека договорот ќе биде потпишан следната недела, кога сите учесници во денешните разговори повторно ќе се сретнат во Турција. Целта е да се обнови извозот на украинското жито од Одеса во време кога глобалната криза со храна се влошува поради војната во Украина. Поранешната советска република е голем светски извозник, а Русија воведе блокада на нејзиниот брег на Црното Море. - Постигнати се договори за голем број важни аспекти, изјави генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Тој изрази надеж дека следните чекори ќе овозможат да се склучи формален договор. паг/    

Остани поврзан