• вторник, 24 декември 2024

Постекоглу: Сопствениците на Тотенхем не се виновни за недостигот на трофеи или лошите резултати

Постекоглу: Сопствениците на Тотенхем не се виновни за недостигот на трофеи или лошите резултати

Лондон, 14 декември 2024 (МИА) - Сопствениците на Тотенхем не се виновни за проблемите на англискиот фудбалски клуб во изминатиот месец или недостатокот на трофеи, изјави менаџерот Ангелос Постекоглу. 

Тимот од Лондон победи само на еден од нивните претходни седум натпревари во сите натпреварувања, а дефанзивецот Кристијан Ромеро јавно го критикуваше раководството по поразот од Челси со 3-4.

-Искрено, уморен сум да зборувам на оваа тема. За мене тоа се само изговори. Во моментов јас сум тука и сум одговорен за играчите, изјави австралискиот менаџер на Тотенхем во пресрет на првенствениот натпревар против Саутемптон во недела.

Постекоглу додаде дека управата не е виновна што тимот нема освоено трофеј цели 16 години. Последен пат тоа се случи во Лига купот во 2008 година, а претходната титула беше освоена во далечната 1961 година.

-Мислам дека не постои некоја митска сила која го спречува Тотенхем да постигне успех. Ако имаше такво нешто, ќе го сменевме. Во моментов сме во тешка позиција и тоа е поврзано со нашиот тим. Ние може да направи милион изговори зошто не сме успешни, но која е поентата да го правиме тоа?, продолжи Постекоглу.

Австралиецот е во слична позиција како и претходниот менаџер Антонио Конте. Тој исто така беше во лоша серија во март 2023 година и ремизираше 3-3 со Саутемптон, губејќи предност од два гола. Конте доби отказ неколку дена по тој натпревар, откако ги критикуваше своите играчи и сопствениците на тимот.

-Конте има свој начин на работа и има свои причини. Подготвен сум да влезам во оваа борба и во моментов немам намера да одам никаде. Се е во мои раце и тоа е моја одговорност. Сакам да бидам во среде бура кога се сомневаат во мене, рече тој, цитиран од медиумите на Островот. дс

Фото: Архива

Остани поврзан