• среда, 25 декември 2024

Поставен рекорд на трката за екстремно планинско трчање „Титов врв скајрејс“

Поставен рекорд на трката за екстремно планинско трчање „Титов врв скајрејс“

Тетово, 5 јуни 2023 (МИА) –  На Попова Шапка вчера се одржа петтото издание на трката во екстремно планинско трчање „Титов врв скајрејс“ на која во женска конкуренција победничката Елена Ртоска постави нов рекорд. Таа за три часа и 12 минути ја истрча патеката долга 20 километри од Попова Шапка до Титов врв и назад.

Второто место го освои Сања Најдовски (3 часа 49 минути), додека трето место Ивана Пекевска (4 ч 17 мин.)

Во машка конкуренција прв беше Дејан Ангелоски (2ч 29мин.), второ место Сашо Богојевски (2 ч 56 мин) и третопласиран Никола Илиевски (2 ч 58 мин.)

- И покрај неповолните метео услови на стартот се појавија 37 натпреварувачи, а 32-ца успешно ја завршија трката. Победници по четврти пат во низа се Елена Ртоска овој пат со нов женски рекорд на патеката од 3 часа 12 минути и Дејан Ангелоски со резултат 2 часа 29 минути. Со старт од Попова Шапка натпреварувачите совладуваат 20 километри и околу 2000 висински метри движејќи се по гребенот (зимската патека) до Титов Врв 2.747 мнв и назад, информира Александар Кирковски од ПК „Македон“.

 

Во соработка со Федерацијата на планинарски спортови натпреварот беше и државно првенство на Македонија во скајранинг за оваа година.

 

Учесниците на ваква трка треба да имаат големо планинарско искуство, специјална опрема со себе како што е јакна против ветер, фолија за заштита од студ, соодветна количина на течности, храна и друго. ас/зс/

 

фото МИА

Остани поврзан