• сабота, 23 ноември 2024

Поставен камен-темелник на нова џамија во долнореканкото село Јанче

Поставен камен-темелник на нова џамија во долнореканкото село Јанче
Дебар, 13 септември 2020 (МИА) – Во долнореканското село Јанче, општина Маврово и Ростуше, денеска е поставен камен-темелник на новата селска џамија. На свеченоста присуствуваа градоначалниците на општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски и на Дебар Хекуран Дука, шефот на кабинетот на претседателот на ИВЗ, Д-р Селвер ефенди Џемаили, првите луѓе на муфтиствата на Тетово, Струга, Охрид и Штип. -Објектот ќе располага со корисна површна од над 130 квадратни метри, заедно со мафилот (внатрешен дел како балкон), а ќе може да престопјуваат 150 верници. Ја  градат самите жители на селото, дел од нив учествуваат со парчни средства, дел со градежен материјал, вели дебарскиот муфтија Решат ефенди Качалнику. Данација дал и дебарскиот бизнисмен Миче Дука, од чија сепарација песок редовно донира и за џамии и цркви, а по потреба помага и со механизација. Под надлежност на дебарското муфтство се општините Дебар и Центар Жупа, како и подрачјето на Река, општина Маврово  Ростуше, каде има над 50 џамии. вт/сст/

Остани поврзан