• четврток, 26 декември 2024

Поставени шатори за пациенти пред Инфективното одделение во струмичката болница

Поставени шатори за пациенти пред Инфективното одделение во струмичката болница
Струмица, 26 ноември 2020 (МИА) - Општинската организација на Црвен крст Струмица, во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување, постави два шатори пред Инфективното одделение во струмичката болница за пациенти кои се позитивни или суспектни на коронавирусот. - Шаторите се поставени со цел граѓаните и пациентите кои имаат потреба од лекување на ова одделение за време на зимскиот период да чекаат заштитени од временските неприлики, а воедно да се зачува и социјалната дистанца на лица позитивни и суспектни на вирусот Ковид-19, велат од струмичкиот Црвен крст. Додаваат дека и оваа активност е дел од вкупните активности на организацијата за превенција и справување со пандемијата од вирусот. рт/аа/

Остани поврзан