• сабота, 27 јули 2024

Поставени фотоволтаици на училишта во Штип, Берово и Чаир

Поставени фотоволтаици на училишта во Штип, Берово и Чаир

Штип, 8 јули 2024 (МИА) - Поставени се фотоволтаици на три училишта во општините Штип, Берово и Чаир во рамки на проектот „Зелена образовна транзиција“, информираа учесниците на денешната завршна конференција во Штип, во организација на Националниот младински совет на Македонија.

Адријана Лавчиска од Фондацијата Отворено општество за Западен Балкан истакна  дека целта на проектот е општините да  заштедат електрична енергија. Резултат има од веќе поставените фотоволтаици, а заштедите ќе бидат вратените на институциите за реализација на нивни приоритетни проекти.

- Вкупно во сите пет земји во Западен Балкан имаме поставено фотоволтаици во 46 училишта кои имаат капацитет од еден мегават производството на чиста електрична енергија. Тие произведуваат илјада мегават часови електрична енергија годишно, рече Лавчиски.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов посочи дека на неколку основни и средни училишта на територија на Штип веќе се поставени фотовилтаици, а во наредниот период планирано е да се постават на општинската зграда и на кровот на Филтер станицата, со што, рече, се работи на заокружување на проектот за зелена трансформација. Со поставување на фотоволтаици, посочи тој, се создава електрична енергија, со тоа се штедат средства, кои понатаму може да се искористат за самите институции.

- Овие средства треба да бидат искористени за самите институции, со што ќе се даде еден позитивен пример не само преку зачувување на животната средина, туку и унапредување на состојбите во рамки на самите институции. Сите оние заштеди кои ќе се генерираат истите тие да бидат и да се даде позитивен пример во оваа насока, рече Јорданов.

Градоначалникот на Општина Берово, Ѕвонко Пекевски истакна дека фотонапонски панели се инасталираат и во Берово, а веќе се поставени на Пречистителната станица за отпадни води која е регионалнална за Берово и Пехчево, и на две училишта.

-И Берово како и Штип учествуваше во овој проект со што подрачното училиште во село Двориште доби фотонапонски панели, изјави  Пекески.

Преку овој проект  фотоволтаици лани се поставени во општините Штип, Берово и Чаир, а во 2022 година е имплеметиран пилот проектот „Сончеви училишта“ и фотоволтаици се поставени во општините Делчево, Валандово, Чучер Сандево и Центар Жупа. вдј/цр

Фото: МИА

Остани поврзан