• недела, 24 ноември 2024

Поставени нови корпи за отпадоци по должината на кејот на Луда Мара 

Поставени нови корпи за отпадоци по должината на кејот на Луда Мара 
Кавадарци, 12 август 2022 (МИА) - Поставени се нови корпи за отпадоци по должината на кејот на реката Луда Мара, информираа денеска од кавадаречката локална самоуправа.
-Грижата за поставување на урбана опрема е континуирана. Од вкупно 84, денеска беа поставени 34 нови корпи за отпадоци, а другите ќе бидат искористени за детските игралишта што ќе бидат изградени во претстојниот период. Изведувач на работите е ЛАПЛАСТ-М ДООЕЛ од Скопје. Сево ова со цел поубаво Кавадарци, за сите нас, појаснија од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.
Оттаму информираа дека во тек е и поплочување на улицата „Пешо Самарџиев“, крак од улицата „Црноречка“,  откако претходно беше поставена фекална канализација од страна на вработени во Јавното претпријатие „Комуналец". Изведувач на работите е Градба промет. свд/дма/

Остани поврзан