• среда, 25 декември 2024

Поставени нови контејнери за електричен отпад во Општина Илинден

Поставени нови контејнери за електричен отпад во Општина Илинден

Скопје, 23 ноември 2023 (МИА) - Жителите на Општина Илинден на 12 локации низ Општина имаат на располагање специјализирани контејнери наменети за електричен и електронски отпад.

Општина Илинден информира дека согласно законските обврски кои произлегуваат од Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, во соработка со Друштвото за управување со отпад „Нула Отпад“ кое е колективен постапувач за управување со отпад од електирчна и електронска опрема започна со собирање и селектирање на електричен и електронски отпад.

На поставените контејнери има инструкции за користење, како и список на дозволени видови отпад кои може да се фрлаат во него.

Од Општина Илинден напоменуваат дека контејнерите не се наменети за комунален отпад, стакло, хартија, пластика, облека и слични материјали.

- Целта е ефикасен и економски одржлив систем за собирање, селектирање, рециклирање, преработка и отстранување на отпадна електрична и електорнска опрема на подрачјето на Општината, а со тоа спречување или намалување на негативните влијанија од создавањето и постапувањето со овој вид отпад, се вели во соопштението од општина Илинден. мд/ир/

Фото: Општина Илинден

Остани поврзан