• четврток, 26 декември 2024

Поставени два препумпни уреди на фекална канализација во Миладиновци

Поставени два препумпни уреди на фекална канализација во Миладиновци
Скопје, 16 јуни 2022 (МИА) - На колекторскиот систем во населеното место Миладиновци деновиве се поставени два препумпни уреди, а досега се изградени 1.200 метри канализациска линија. Со поставувањето на препумпните уреди, како што информираат од општина Илинден, ќе се постигне одведување на фекалните отпадни води кон веќе изградената пречистителна станица со капацитет од 1.250 еквивалент жители. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска направи увид во работните активности во населеното место Миладиновци, и истакна дека со реализацијата на овој проект ќе се придонесе за подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните во Миладиновци, како и за подобрување на заштитата на животната средина.вј/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан