• четврток, 26 декември 2024

Поставена првата станица за собирање кабаст отпад во Општина Аеродром

Поставена првата станица за собирање кабаст отпад во Општина Аеродром
Скопје, 25 јуни 2021 (МИА) - Општина Аеродром ја доби првата станица за собирање кабаст отпад, лоцирана на булевар АСНОМ, во непосредна близина на поранешната слаткарница „Стела“. Станува збор за ограден и заштитен простор каде што граѓаните ќе можат во секое време бесплатно да го оставаат својот стар мебел и дотраена бела техника. Од општината инфрoмираат дека ова е прва станица од ваков тип во Општина Аеродром и дека во блиска иднина се планира поставување вакви оградени простори на повеќе локации на ниво на целата територија. -Следејќи ги европските примери, сакаме да им излеземе во пресрет на граѓаните што имаат потреба да се ослободат од старите предмети од домаќинствата, а притоа тоа да биде бесплатно и во близина на нивните домови, изјави градоначалникот Златко Марин. Станува збор за проект што се реализира во рамките на новиот и европски интерактивен пристап за одржување на јавната хигиена што го воведува Општина Аеродром.свс/лв/

Остани поврзан