• среда, 27 ноември 2024

Поставена првата ветерна турбина во ветерпаркот Богословец

Поставена првата ветерна турбина во ветерпаркот Богословец
Свети Николе, 17 октомври 2022 (МИА) - Поставена е првата ветерна турбина во првиот приватен ветрен парк кај светниколското село Богословец. По една година од официјалниот старт на ветерниот парк веќе се гледа првата ветерна турбина, како и столбовите на останатите ветерници. Граѓаните од Општините Свети Николе и Штип ја снимаат и фотографираат локацијата и ветерницата и ги споделуваат на социјалните мрежи. Во источна Македонија ова е прв ветерен парк, инвестиција е  во вредност од 61 милион  евра. Во ветропаркот Богословец се предвидени осум турбини и моќност од 36 мегавати, кој ќе го удвои постојниот ветерен капаците во земјата и ќе придонесе кон намалување на CО2 емисите од над 87.000 тони годишно. Во наредните 25 години ќе  овозможи зелена енергија за околу 20.000 домаќинства во државата. вдј/цр

Остани поврзан