• понеделник, 29 јули 2024

Поставена нова хоризонтална сигнализација на улица „Методија Шаторов-Шарло“

Поставена нова хоризонтална сигнализација на улица „Методија Шаторов-Шарло“
Скопје,26 февруари 2022 (МИА) – Со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, на улица „Методија Шаторов-Шарло“ во Стар Аеродром поставена е нова хоризонтална сигнализација, како и направи за забавување на возилата. Како што информираат од општината станува збор за една од најфреквентните улици во овој дел на општината, во чија непосредна близина се наоѓа основно училиште, две градинки, како и детски игралишта. -Неодамна, неколкупати на оваа улица бевме сведоци на немили и трагични сцени за возачите и пешаците. Токму затоа, посветени сме на создавање услови за слободно и безбедно движење на нашите деца, како и на сите пешаци, велосипедисти и учесници во сообраќајот. Интензивно работиме на зголемување на безбедноста низ целата општина преку преземање конкретни мерки и подобрување на видливоста на хоризонталната и вертикалната сигнализација, се наведува во соопштението. Од општината апелираат за совесно однесување во сообраќајот од сите граѓани и ги повикуваат надлежните институции најстрого да ги санкционираат сите оние кои ги прекршуваат правилата.свс/бк/

Остани поврзан