• понеделник, 29 јули 2024

Поставена вертикална сообраќајна сигнализација во Општина Илинден

Поставена вертикална сообраќајна сигнализација во Општина Илинден

Скопје, 3 март 2022 (МИА) – На повеќе локации во Општина Илинден е извршено подобрување на вертикална сообраќајна сигнализација, при што се поставени повеќе од триесеттина сообраќајни знаци.

Како што информираат од општината, поставувањето на хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација ќе продолжи и во иднина.

-Затоа, општина Илинден и во иднина ќе продолжи со инвестициите во оваа област, односно со поставување на хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација на сообраќајниците во сите населени места. Истовремено, се упатува апел до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, зашто последиците од нивното непочитување можат да бидат причина за сообраќајни несреќи со трагични последици, стои во соопштението.свс/

Остани поврзан