После 45 години реконструиран паркингот и улицата кај познатите кули во Општина Кисела Вода
- СООПШТЕНИЕ - Со големо задоволство можам да истакнам дека решаваме уште еден долгогодишен проблем на мојот народ од овој дел на Кисела Вода. Започнуваме со зафат кој беше барање на жителите кои живеат во кулите во Расадник, а бидејќи нивните потреби се мој приоритет - тука сме на терен да го исполниме барањето.
Скопје, 24 септември 2024
Со големо задоволство можам да истакнам дека решаваме уште еден долгогодишен проблем на мојот народ од овој дел на Кисела Вода.
Започнуваме со зафат кој беше барање на жителите кои живеат во кулите во Расадник, а бидејќи нивните потреби се мој приоритет - тука сме на терен да го исполниме барањето.
Се работи за паркинг на едно од најфрекфентните места во Кисела Вода би рекол, кој беше со големи оштетувања и капацитетот на возила не беше доволен за потребите на сите кои живеат тука.
Со ова, даваме значен придонес во решавање на сообраќајниот метеж преку давање на поголем простор за сообраќајот во мирување.
Во зафатот кој денес го преземаме целосно опфатена е и реконструкцијата на улицата. За неколку денови од сега, ќе се вози по нов асфалт и нов проширен паркинг простор, истакна Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил.
Општина Кисела Вода
________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки