Последните случувања во Сирија во фокусот на телефонскиот разговор на Герапетритис со патријархот на Антиохија
- тната потреба за национално единство и мирен соживот и важноста за обезбедување заштита на сите етнички и верски заедници, вклучително и христијанското население, ги истакнал министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис во телефонскиот разговор со патријархот на Антиохија и на целиот исток Јован, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 10 март 2025 (МИА) – Итната потреба за национално единство и мирен соживот и важноста за обезбедување заштита на сите етнички и верски заедници, вклучително и христијанското население, ги истакнал министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис во телефонскиот разговор со патријархот на Антиохија и на целиот исток Јован, јави дописничката на МИА од Атина.
Во фокусот на разговорот биле последните случувања во Сирија, а како што информираа од грчкото МНР преку платформата Икс, Герапетритис исто така, ја подвлекол потребата од запирање на сите злосторства врз цивилите и ја потврдил заложбата на Грција внимателно да ги следи случувањата во Сирија, нагласувајќи ја посветеноста на Сирија за почитување на меѓународното право, инклузивноста и избегнувањето на странско мешање.
Од Министерство за надворешни работи на Грција, во саботата, исто така преку Икс ги повикаа сите страни во Сирија „да покажат одговорност и да бараат мирни решенија, воздржувајќи се од дејствија кои дополнително ќе ги разгорат тензиите“. ср/
Фото: Х/Министерство за надворешни работи на Грција