• четврток, 26 декември 2024

Последните должности на Хари како член на кралското семејство

Последните должности на Хари како член на кралското семејство
Единбург, 26 февруари 2020 (МИА) - Британскиот принц Хари денеска во шкотската престолнина Единбург учествува на конференција посветена на туризмот, што е една од последните негови учества во јавните задолженија на британското кралско семејство. Војводата и војвотката од Сасекс - принцот Хари и неговата сопруга, Американката Меган Маркл во јануари најавија повлекување од нивните должности како членови на кралското семејство и оти повеќе време ќе минуваат во САД, со цел да бидат финансиски понезависни. Хари и Меган официјално на крајот на март ќе се повлечат од канцелариите во Лондон. Заедно со синот Арчи тие веќе неколку седмици се наоѓаат во Канада. си/гт/

Остани поврзан