• вторник, 01 октомври 2024

Последна фаза од асфалтното поврзување на каменичките села Луковица и Косевица

Последна фаза од асфалтното поврзување на каменичките села Луковица и Косевица
Македонска Каменица, 5 ноември 2020 (МИА) - Започна реализацијата на последната фаза од проектот за асфалтно поврзување на каменичките села Луковица и Косевица. Градоначалничката Соња Стаменкова која изврши увид во градежните активности, информираше дека претходно се работело на одводнување на трасата во близина на патот. - Ова е почеток на реализацијата на последната фаза од изградбата на локалниот асфалтен пат, кој во иднина ќе ги поврзува село Луковица и село Косевица. Вкупната должина на асфалтниот локален пат со ширина од четири метри, изнесува скоро два километра. Во таа насока претходно на оваа делница се работеше на уредување на системот за регулација и одводнување на атмосферските талози, истакна Стаменковска. Општината, како што додаде, ќе продолжи со работа со цел подобрување на животот на мештаните од руралните средини. - Општина Македонска Каменица продолжува со реализација на проектите, кои ги подобруваат условите за живот на граѓаните во руралните средини, ја подобруваат нивната мобилност и го помагаат локалниот економски развој, додава Стаменкова. Активностите за реализација на овој капитален проект за жителите од двете села, како што додадоа од општината, се реализираат со средства од општинскиот буџет. вс/мс/

Остани поврзан