• вторник, 12 ноември 2024

Последна гала филмска вечер за 2023 со проекција на филмот „Повторно родена“

Последна гала филмска вечер за 2023 со проекција на филмот „Повторно родена“

Скопје, 14 декември 2023 (МИА) - Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција вечер ја организираат четвртата и последна гала филмска вечер за оваа година со проекција на филмот „Повторно родена“ во 20 часот, во кино „Милениум“.

Настанот ќе го отвори амбасадорот на Франција во земјава Сирил Бомгартнер.

Филмот е дело на режисерот Седрик Клапиш, а во главните улоги играат Марион Барбо, Хофеш Шехтер, Дени Подалидес.

Седрик Клапиш прави грандиозно враќање во филмската индустрија, снимајќи ги телата во движење со уникатна флуидност: гледачот е понесен од животната сила на една млада жена која наоѓа храброст да си даде уште една шанса, ќе напише за филмот Le Journal du Dimanche

Според Franceinfo Culture, ова е еден од најдобрите филмови на овој режисер, визуелна уметност во секој кадар. 

Од овој филм се заминува со широка насмевка и ведрина во душата, ќе наведе и дневниот весник „20 Minutes“.

Француското неделно списание Télé 7 Jours, за „Повторно родена“ пишува: „телото додека се движи, дури и да боли, значи живот - ова ни го доловува овој лесен филм за човештвото“. вг/нд/

Фото: Француски институт

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан