• среда, 25 декември 2024

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Скопје, 18 март 2024 (МИА) - Собранието ќе има активности до крајот на март имајќи предвид дека кампањата за претседателските избори почнува на 4 април, а потоа следува и кампањата за пратеници за изборите на 24 април и 8 мај.

На денешната координативна средба во Собранието спикерот Јован Митрески, како што брифираат од неговиот Кабинет, најавил дека врз основа на непишаното правило, во текот на изборна кампања Собранието нема да има активности, со цел да се спречи евентуална злоупотреба на говорницата. Собранието, како што посочуваат, ќе има активности до крајот на март.

На средбата со првите луѓе на пратеничките групи се разгледувале законите што се во постапка, а за кои ќе има услови во второ читање да се разгледаат на седницата што ќе се одржи наредната недела.
Седницата најверојатно ќе се одржи на 27 или 28 март.

Се разговарало и за некои законски решенија кои се во постапка, а за кои е неопходно дополнително усогласување меѓу пратеничките групи.

На координативниот состанок не присуствувале претставници на ВМРО ДПМНЕ. ев/лв/

фото:МИА 

Остани поврзан