• вторник, 24 декември 2024

Последната група учесници во 31-та Национална антарктичка експедиција се врати со лет од Рим

Последната група учесници во 31-та Национална антарктичка експедиција се врати со лет од Рим

Софија, 19 март 2023 - Последната група учесници во 31-та Национална антарктичка експедиција се врати со лет од Рим. Во групата се логистичарите Александар Богдев, Александар Величков, Борис Јорданов, Јордан Тодоров, Марчо Паунов, Милчо Дундаков и Павел Григоров и научниците доц.Борис Цанков, доц.Рајна Христова и д-р Васил Гурев.

Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

 Експедицијата заврши на 5 март, кога поларните истражувачи беа транспортирани со бродот „Св. Кирил и Методиј“ до пристаништето Пунта Аренас, на брегот на теснецот Магелан во Чиле, од каде продолжија со редовни летови на цивилната авијација.

На аеродромот во Софија, учесниците на експедицијата ги пречека претседателот на бугарскиот институт за Антарктик, проф. Христо Пимпирев, кој изјави дека мисијата била исклучително успешна и покрај злонамерните инсинуации.

„Таа е историска бидејќи првпат Бугарија испраќа истражувачки брод“, посочи тој.

Бродот моментално се наоѓа во Мар дел Плата, а потоа ќе застане во Картагена и Пиреја пред да се закотви во Варна.

Првата група на 31-та Национална антарктичка експедиција тргна на 23 ноември од аеродромот во Софија.

_________________________________________________________________________

Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА

 

 

 

 

Остани поврзан