• среда, 15 јануари 2025

Посетите на клиниките на Универзитетскиот клинички центар на Србија се забранети за да се спречи ширење на респираторни инфекции

Посетите на клиниките на Универзитетскиот клинички центар на Србија се забранети за да се спречи ширење на респираторни инфекции

Белград, 14 јануари 2025 (МИА) - Посетите на хоспитализирани пациенти се забранети во сите клиники на Универзитетскиот клинички центар на Србија во Белград со цел да се спречи и контролира ширењето на респираторните инфекции, соопшти здравствената установа.

Одлуката за забрана на посети ја донесе вчера Централната комисија за болнички инфекции на Универзитетскиот клинички центар на Србија, пренесе Бета.

-Поради превенција, се наредува зголемен епидемиолошки надзор на хоспитализирани пациенти со знаци и симптоми на респираторна инфекција, како и тестирање на пациенти со знаци и симптоми на респираторна инфекција и изолација на позитивни/сомнителни хоспитализирани пациенти со знаци и симптоми на респираторна инфекција кај пациенти „во согласност со консултациите на епидемиолозите“, се вели во соопштението. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан