• сабота, 23 ноември 2024

Посета на дипломатски претставници на Општина Куманово

Посета на дипломатски претставници на Општина Куманово

Куманово, 25 јули 2024 (МИА) - Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска беше домаќин на дипломатски претставници од повеќе земји. На пријателската средба присуствуваа амбасадорите на Република Словенија Грегор Прескер, на Република Словачка Хенрих Маркуш, амбасадорот на Република Полска Кшиштоф Гжелчик и претседателката на организација на културната дипломатија - „Добредојде Македонија“ Емилија Миладинова Аврамчева.

- Настанот е организиран според програмата на Секторот за меѓународна соработка и ЕУ интеграции, стратешко планирање, креирање на политики и ЛЕР при општина Куманово, кој континуирано остварува соработка со претставници од меѓународните институции во Македонија. Во пригодна атмосфера се разговараше за досегашната успешна соработка и реализираните проекти, беа разменети искуства и се иницираа нови планови и идеи, кои би биле од значење за граѓаните на oпштината, информираа од општина Куманово.

Во рамки на посетата на општина Куманово, претставниците од странските амбасади имаа можност да посетат повеќе културно-историски знаменитости, посета на црковниот храм „Свети Никола“ и Музејот на АСНОМ во Пелинце. ам/мд/

Фото: Општина Куманово

Остани поврзан