Посета на делегација на Агенцијата на на права на заедници на Унгарија
- СООПШТЕНИЕ -Делегација на Агенција за остварување на правата на заедниците предводена од директорот Далибор Китановиќ во официјална посета на Унгарија.
Скопје, 2 декември 2024
Делегација на Агенција за остварување на правата на заедниците предводена од директорот Далибор Китановиќ во официјална посета на Унгарија.
Во рамките на Taiex програмата на ЕУ делегација на Агенцијата за остварување на права на заедниците од 25-29 ноември предстојуваше во Будумпешта, Р.Унгарија. Домаќин на делегацијата од Р.С.Македонија беше институцијата на Народниот правобранител на Р.Унгарија.
Членовите на делегацијата предводени од директорот на АОПЗ Далибор Китановиќ остварија официјален состанок со Комесарот за финдаментални права на Р.Унгарија, Акос Козма, состанокот се одржа во Дебрецен, каде што е и седиштето на едната од неколкуте регионални канцеларији на Унгарскиот Народен правобранител
Во конструктивен и пријателски разговор беа нагласени добрите и пријателски односи помеѓу Р.С.Македонија и Р.Унгарија, како и добрите и блиски врски помеѓу двата народа.
Унгарскиот комесар Козма истакна дека Р.Унгарија е стратешки партнер на Р.С.Македонија и дава јасна и недвосмислена поддршка на нејзиниот пат за полноправно членство во Европската унија.
Целта на состанокот беше да се пренесат искуствата и добрите практики на институцијата која ја води Комесарот Козма во однос на правата на малцинските заедници во Р.Унгарија.
На крајот од состанокот беше договорено дека соработката помеѓу институцијата на Обудсманот на Р.Унгарија и Агенцијата за остварување на правата на заедниците ќе продолжи и ќе се продлабочи, во насока на подобрување на капацитетите на Агенцијата и нејзината регулатирна и надзорна функција а се со цел подобрување на правата и состојбата на помалубројните заедници во Р.С.Македонија.
Агенција за остварување на права на заедниците
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.