• четврток, 26 декември 2024

Посебен режим на сообраќај во Прилеп и совети за време на Пивофест

Посебен режим на сообраќај во Прилеп и совети за време на Пивофест
Прилеп, 13 јули 2022 (МИА) - За време на одржувањето на „Пивофест“ во Прилеп, од 14 до 17 јули, во градот ќе има посебен режим на сообраќај поради, како што соопштува СВР-Битола, безбедна реализација на планираните активности на фестивалот. Од СВР Битола апелираат до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат сообраќајната сигнализација, а прилепчани поретко да ги користат своите возила за одржување поголема безбедност и непречено одвивање на сообраќајот. Полицијата упатува и совети: доколку се консумира алкохол, да не се управува со никакво превозно средство, возилата да се паркираат на безбедни и означени места и да се следат упатствата на службите за паркирање и насоките на полициските службеници, во автомобилите да не се оставаат вредни предмети, посебно не на видливо место, бидејќи тоа може да предизвика поголемо внимание на крадците, да се внимава на паричниците и на мобилните телефони. СВР Битола укажува дека не е дозволено пукање со оружје, употреба на пиротехнички средства, учество во физички пресметки, предизвикување или поттикнување друг физички напад, оддавање на пијанство на јавно место или нарушување на јавниот ред и мир во алкохолизирана состојба. Јавноста се потсетува дека забрането е користење опојни дроги и психотропни супстанции, како и точење алкохол на малолетници. ем/ки/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан