• четврток, 26 декември 2024

Португалските социјалисти за нов лидер го избраа Педро Нуно Сантос

Португалските социјалисти за нов лидер го избраа Педро Нуно Сантос

Лисабон, 17 декември 2023 (МИА) - Португалската Социјалистичка партија (ПС) го избра Педро Нуно Сантос за нов лидер, кој ќе ја предводи партијата на вонредните парламентарни избори на 10 март следната година. 

Сантос го презеде кормилото на партијата по оставката на португалскиот премиер и досегашен лидер на Социјалистичката партија Антонио Коста, кој се најде во центарот на истрагата за корупција, пренесуваат британските медиуми. 

Сантос, поранешен португалски министер за инфраструктура, победи на внатерпартиските избори со освоени 62 отсто од гласовите во однос на неговиот противкандидат, актуелниот в.д. министер за внатрешни работи, Хозе Луис Карнеиро, кој важи за поумерен политичар. 

Нуно Сантос, кој себе си се опишува како „внук на чевлар и син на бизнисмен“, е познат по успешното координирање на парламентарната поддршка за претходната влада на екстремната левица, која беше на власт од 2015 до 2019 година.

Антонио Коста, кој беше премиер на Португалија од 2015 година, поднесе оставка на 7 ноември поради истрагата за наводни неправилности во управувањето со проектите за зелена енергија. 

По скандалот, претседателот на државата Марсело Ребело де Соуса ги распиша вонредните избори за 10 март 2024 година. сд/

фото:Х

Остани поврзан