• недела, 29 декември 2024

Португалската Влада планира да ја национализира најголемата национална авиокомпанија

Португалската Влада планира да ја национализира најголемата национална авиокомпанија
Лисабон, 30 јуни 2020 (МИА) - Владата на Португалија е подготвена да ја национализира водечката авиокомпанија, затоа што вториот голем акционер го одбива предложениот државен кредит кој е неопходен поради кризата со коронавирусот, објавија денеска локалните медиуми. ТАП беше делумно приватизиран во 2015 година. Државата моментално има 50 проценти од акциите, 45 отсто од акциите се во сопственост на бразилско-американскиот претприемач Дејвид Нилеман и неговиот конзорциум „Атлантик Гејтвеј“, а остатокот е сопственост на работниците. Компанијата во април побара помош од Владата затоа што беше принудена да ги откаже речиси сите 2.500 летови неделно, поради падот на побарувачката како последица од пандемијата. Во мај, тие се обидоа да воведат некои меѓународни летови, но побарувачката остана слаба, па се откажаа. Компанијата вчера соопшти дека во првиот квартал работи со нето загуба од 395 милиони евра главно како резултат на речиси целосната суспензија на воздушниот сообраќај поради пандемијата. Владата одлучи на компанијата да и одобри кредит од 1,2 милијарди евра, Европската комисија го отфрли планот, а запнаа и преговорите со Атлантик Гејтвеј. Затоа, португалската Влада се подготвува до претседателот на државата да испрати предлог уредба за национализација на ТАП, објави денеска неделникот „Експресо“. Владата донесе одлука за национализација по неуспешните преговори со Атлантик Гејтвеј за државниот заем, пишува неделникот. Превозникот не бил веднаш достапен за коментар. Министерот за инфраструктура денеска изјави дека Владата планира да ги продолжи преговорите со партнерот од приватниот сектор за одржливо решение за ТАП, но нема да попушти. јт/  

Остани поврзан