• четврток, 26 декември 2024

Португалија ја зголемува минималната плата

Португалија ја зголемува минималната плата
Лисабон, 3 јануари 2022 (МИА) - Португалскиот премиер Антонио Коста одобри зголемување на минималната плата за шест отсто, порачувајќи, четири недели пред парламентарните избори, дека планираат нов циклус зголемувања следната година. „Од денеска, околу 880.000 вработени ќе имаат корист од зголемувањето на месечната национална минимална плата на 705 евра“, напиша лидерот на Социјалистичката партија на Твитер. Ова е „зголемување од 40 евра – најголемо во историјата на Португалија“, нагласи Коста.
Пресметано по час, новата минимална плата е околу 4,40 евра. „Минималната плата се зголеми за 40 отсто откако јас ја презедов функцијата пред шест години“, вели Коста, повторувајќи дека нивната цел е да ја зголемат на 750 евра во 2023 година. На почетокот на ноември, португалскиот претседател Марсело Ребело де Соза распиша избори за 30 јануари, откако Парламентот не го усвои предлог-буџетот на Коста за 2022 година. Редовните избори беа закажани за следната есен. паг/
 

Остани поврзан