• недела, 28 јули 2024

Португалија испрати 146 маринци во Литванија за да се придружат на силите на НАТО

Португалија испрати 146 маринци во Литванија за да се придружат на силите на НАТО
Лисабон, 1 јуни 2022 (МИА) - Португалија испрати 146 маринци во Литванија за да им се придружат на силите на НАТО таму, со цел да го зајакне источното крило на Алијансата по руската воена операција во Украина, објави португалското Министерство за одбрана.
Единицата вклучува и нуркачи специјализирани за деактивирање на мини и други експлозивни направи.
Мисијата „поддржува високи нивоа на подготвеност и обесхрабрува директни или индиректни закани“ против членките на НАТО, особено во регионот на Балтичкото Море.
Тимот специјалци во Литванија ќе престојува три месеци. паг/

Остани поврзан