• среда, 25 декември 2024

Португалија доби малцинска влада предводена од социјалдемократи

Португалија доби малцинска влада предводена од социјалдемократи

Лисабон, 3 април 2024 (МИА) - Португалија доби малцинска влада поддржана од само 80 претставници во 230-члениот парламент.

Во Португалија е избрана централно-десничарската малцинска влада предводена од премиерот Луис Монтенегро, соочена со тешката задача да најде поддршка во најфрагментираниот парламент во последните пет децении.

На предвремените избори на 10 март, централно-десничарската коалиција Демократска алијанса (АД) предводена од Социјалдемократите на Монтенегро (ПСД) освои најмногу гласови, тесно поразувајќи ги владејачките социјалисти, кои беа на власт во последните осум години.

Во Парламентот од 230 пратеници, АД освои 80 пратенички места, а централно-левичарската Социјалистичка партија (ПС) 78 места, додека крајнодесничарската партија Долов (Чега=Доста е) е трета со 50 места, со која ниту една од двете водечки партии не сакаше да влее во коалиција.

Монтенегро рече дека владата е решена да владее до крајот на мандатот и вети дека неговата влада ќе работи „скромно, патриотски и способна за дијалог“, а истото го очекува и од опозицијата.

За усвојување закони АД ќе треба да се потпре на поддршката на екстремната десница или социјалистите, што, според аналитичарите, ќе донесе несигурна влада.

„Изгледите не укажуваат на политичка стабилност, бидејќи владата има едно од најмалите релативни мнозинства во демократијата и се соочува со жестока опозиција од посилната екстремна десница“, рече Андре Фреире, политиколог од истражувачкиот универзитет ISCTE.

Меѓу другото, Монтенегро вети пониски даноци за семејствата и фирмите, повисоки пензии и повисоки плати за полицајците, наставниците и лекарите.

Премиерот може да протурка дел од тие мерки низ парламентот со поддршка на опозицијата, но клучно ќе биде одобрувањето на буџетот за 2025 година.

Гласањето на пратениците против буџетот во минатото вообичаено доведуваа до предвремени избори, па аналитичарите очекуваат АД да биде принудена да преговара со социјалистите за планот за трошење и други мерки. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан